22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВориорс рутински, Томас со рекорд го одбрани Бостон (видeо)

Вориорс рутински, Томас со рекорд го одбрани Бостон (видeо)

Kошаркарите на Голден Стејт Вориорс со победа против Јута Џез, поведоа со 1-0 во полуфиналето на Западот, додека Бостон Селтикс и во вториот меч како домаќин победи против Вашингтон Визардс и води во оваа полуфинална серија на Истокот со 2-0.

Голден Стејт на почетокот на полуфиналната серија ја совладаа Јута 106:94. Вориорс, без својот тренер Стив Кер, рутунски славеа во својата „Оракл арена“, акумулираа 12 поени предност на полувремето, а во последната четвртина заменикот на Кер, Мајк Браун можеше да ги одмори најдобрите играчи.

Стартерите на Голден Стеј постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Стеф Кари со 22, на кои придодаде седум скока и пет асистенции, по 17 постигнаа Кевин Дурент и Дрејмон Грин, Клеј Томпсон 15, а Заза Пачулија уфрли 10 кошеви.

Бостон го доби трилерот против Вашингтон по едно продолжение 129:119. Блескаше Ајзеа Томас кој во последната четвртина и во продолжението постигна 29 од своите 53 поени, што е негов личен рекорд.

Томас е вториот играч на Бостон, кој во последната четвртина, во еден плејоф натпревар постигнал преку 20 кошеви. Претходно тоа го направи Пол Пирс во 2003 година.

На спротивната страна блескаше Џон Вол со 40 поени и 13 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП