2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвтината кинеска копија го закопа Land Rover- Evoque(фото)

Евтината кинеска копија го закопа Land Rover- Evoque(фото)

Во Land Rover со сите сили се бореа да го отстранат од пазарот “Land Wind”- кинеската копија на нивниот модел “Land Rover- Evoque”, но на крајот мораа да признаат пораз.

Не само што не успеаа да го запрат производството на “Land Wind X7”, туку мораа и да му честитаат за неговиот успех. Имено кинеската копија на англискиот СУВ се продава значително подобро, а побарувачката расте од ден на ден, така што кинеската компанија одлучи да изложи четири модели на “Shanghai Auto Show”.

Шефот на Јагуар-Ланд Ровер, Ралф Шпет на овогодинешниот саем во Шангај е видно фрустриран на оваа тема и призна дека е невозможно да се запре производството и додаде:

“Им оди одлично. Тоа е добар автомобил. Тоа го знаеме бидејки е наш автомобил”.

Да се потсетиме, “Land Wind X7” е најуспешниот модел од гамата на “Land Wind”, а нивниот најјак адут има “одличен” дизајн и три пати поевтина цена од оригиналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП