17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Нов спектакл - Монако го дочекува Јувентус

ЛШ: Нов спектакл – Монако го дочекува Јувентус

Монако, најпријатното изненадување во Лигата на шампионите, во првиот полуфинален натпревар ќе го пречека Јувентус.

Лидерот во француското првенство предводен од тинејџерот Килијан Мбапе, во нокаут фазата, ги елиминира Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

„Остварување на детските сништа е тоа што настапувам во Лигата на шампионите. Оваа сезона направивме извонредни работи, сега не сакаме да застанеме тука. Сакаме да се пласираме во финалето“, рекол Мбапе, кој во 1998 година кога Монако и Јувентус играа во истата оваа фаза не бил роден.

Тогаш Јувентус победи во Торино 4:1, а во реваншот на „Луј II“ беше 2:2. Голманската легенда Џиџи Буфон во тоа време беше член на Парма. Двата тима играа и во четвртфиналето пред две сезони, тогаш во двата меча победникот го реши голот на Видал од пенал.

„Бевме одлични против Барселона, во двата натпревари не примивме гол, но сега не очекуваат две многу поразлични средби. Монако има исклучителен потенцијал, но јас верувам во соиграчите“, рекол Буфон.

Во тимот на Монако за овој меч се враќа Фабињо, кој реваншот против Борусија го пропушти поради жолти картони, додека поради суспензија кај Јувентус ќе го нема Сами Кедира.

Првиот полуфинален натпревар помеѓу лидерите во француското и италијанското првенство, Монако и Јувентус, ќе започне во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП