3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо го растури Атлетико, Реал гледа кон ново финале (видео)

Роналдо го растури Атлетико, Реал гледа кон ново финале (видео)

Реал направи голем чекор кон пласманот во ново финале, во Лигата на шампионите, откако во првиот полуфинален натпревар го победи градскиот ривал Атлетико со 3:0 (1:0).

Реал по нотите на Кристијано Роналдо маршира кон ново финале во Лигата на шампионите. Португалецот со три гола го торпедира Атлетико во првиот полуфинален натпревар и ја продолжи серијата која ја започна во претходната рунда против минхенски Баерн.

Почетните десет минути навестија возбудлив и содржаен натпревар помеѓу градските ривали. Карвахал во раната фаза креираше шанса за Бензема.

Првиот гол беше постигнат во десеттата минута, по нафрлувањето на Каземиро Кристијано Роналдо го совлада Облак, но на голот му претходеше офсајд позиција во која се наоѓаше Португалецот.

Реал можеше да постигне уште еден гол, но Облак го одбрани ударот на Варан. Веќе во наредниот напад Атлетико можеше да стигне до израмнување, но Кејлор Навас излезе како победник во дуелот со Ганеиро.

Следуваше обидот на Бензема со „ножички“ и шансата на Годин по центаршутот на Гризман.

Првото полувреме заврши со повредата на дефанзивецот на Реал, Карвахал.

За разлика од првиот, вториот дел започна во бавно темпо. Реал ја примени тактиката од минаотсезонското финале, му ја остави топката на Атлетико, а шансите ги бараше во брзата транзиција.

Караско и Коке се обидоа но нивните удари беа непрецизни. Во последните 15 минути повторно на сцена стапи Кристијано Роналдо.

Најпрвин во 73.минута ја искористи недоволно решителната интервенција на Фелипе Луис и ја закова топката во голот на Атлетико, а во 86.минута ја искористи асистенцијата на Лукас Васкез за да го комплетира „хет трикот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП