30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијакос обезбеди место на завршниот турнир во Истанбул

Олимпијакос обезбеди место на завршниот турнир во Истанбул

Олимпијакос е последниот тим кој избори пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Грчкиот шампион, во петтиот меч од четвртфиналната серија, го победи Анадолу Ефес 87:78.

Олимпијакос им се приклучи на ЦСКА, Реал и Фенербахче, кои претходно изборија пласман на завршниот турнир кој сезонава ќе се одржи во Истанбул.

Мајсторката Олимпијакос ја реши на 105 секунди до крајот на мечот, кога Принтезиз погоди тројка за предност на тимот од Пиреја од девет поени (83:74).

Спанулис со 22 и Принтезиз со 14 кошеви го предводеа Олимпијакос до победата.

Завршниот турнир во Истанбул ќе се одржи од 19 до 21 мај. Во полуфиналето ќе играат Реал-Фенербахче и Олимпијакос-ЦСКА Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП