7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСелби ја одбрани титултата со неверојатен пресврт

Селби ја одбрани титултата со неверојатен пресврт

Најдобриот играч во снукер, Марк Селби, ја одбрани светската титула со неверојатниот пресврт во финалето против Џон Хигинс.

Селби, во еден момент од финалето на Светското првенство губеше 4:10, но со брилијантната серија во текот на вториот ден, стигна до победа 18:15.

Англичанецот го освои третиот трофеј во кариерата во легендарниот „Крусибл театар“ (претходно славеше во 2014 и 2016 година) и потврди дека е најдобриот играч на денешницата.

Селби кој има 33 години се искачи на петтото место на вечната листа, кое го дели со сонародникот Џон Спенсер, овие двајца имаат по три титули. Пред нив се Рони О’Саливен со една повеќе, по шест освоиле Реј Риердон и Стив Дејвис, додека недопирлив на првото место е најдобриот на сите времиња, Стивен Хендри.

Наградниот фонд на Светското првенство изнесуваше 1.750.000 фунти. Шампионот Селби освои 375.000 фунти, а Хигинс 160.000. Наградата од 10.000 фунти за најголем брејк му припадна на Рони О’Саливен кој против Динг Џунхиу нанижа 146 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП