30 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го совлада Вотфорд, Емре Џан со еден од најубавите голови оваа...

Ливерпул го совлада Вотфорд, Емре Џан со еден од најубавите голови оваа сезона (видео)

Ливерпул забележа минимална победа во Вотфорд, во последниот натпревар од 35.коло, во Премиер лигата.

Ливерпул победи во Воттфорд и по 35 кола има 69 бодови на третата позиција, три повеќе од Манчестер Сити и четири од Манчестер Јунајтед, кои имаат и натпревар помалку.

Победата на „црвените“ им ја донесе Емре Џан, во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Играчот на Ливерпул, го постигна еден од најубавите голови оваа сезона, тој со „ножички“ го совлада Еурелио Гомез.

Вотфорд имаше можност да израмни во 94.минута, но ударот на Продл заврши во гредата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП