28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРумениге и во следните три години останува на функцијата

Румениге и во следните три години останува на функцијата

rumenige

Извршниот директор на германскиот шампион Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ќе остане на оваа функција до крајот на 2016-та година.

Договорот на 57-годишниот поранешен фудбалер со баварскиот гигант истекуваше на крајот на оваа година, но деветчлениот борд на директори на клубот донел одлука да го продолжи договорот на Румениге за уште три години.

Двократниот добитник на „златната топка“ ја превзема раководната функција во 2002-та година, а пред тоа беше потпретседател на четирикратниот европски клупски првак, додека Франц Бекенбауер беше вршител на должноста претседател.

Во исто време Бордот на директори на Баерн Минхен изрази целосна поддршка на претседателот на тимот, Ули Хенес, кој се уште е под истрага за даночно затајување во големи димензии.

Самиот Хенес се понудил да се повлече привремено од функцијата додека тече истрагата, но бордот на директори категорично ја отфрлил оваа опција, земајќи ја во предвид 43-годишна верност на Хенес во Баерн Минхен како фудбалер, спортски директор и претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП