9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО25-годишниот јубилеј на Тоти oдбележан со специјални копачки на „Најки“

25-годишниот јубилеј на Тоти oдбележан со специјални копачки на „Најки“

Компанијата „Најки“ одлучи со специјална едиција на копачки да ја обележи јубилејот на Франческо Тоти, 25 години во тимот на Рома. За „Принцот на Рим“, компанијата произведе копачки кои ги нарече „Nike Tiempo Totti X Roma“.

Специјалната едиција на копачки, со кои „Најки“ го обележува 25 годишниот јубилеј на Франческо Тоти, во продавниците се појавија на 26 арпил, а легендата на Рома, прв пат ќе ги носи на градското дерби „Дерби дела Капитале“, против Лацио.

„Најки“ ќе произведе 2.500 пара вакви копачки, односно по 100 за секоја сезона која тој ја минал во Рома, а цената изнесува 225 евра.

Тоти досега има одиграно 779 натпревари за Рома, постигна 306 погодоци и забележал 123 асистенции. Тој неколку пати во кариерата одбивал богати понуди од најмоќните европски клубови.

„Во училиште ен учат дека семејството е најважно за човекот, а тоа е она што јас го чувствувам за Рома. Дали некогаш сте слушнале дека некој ги напуштил сиромашните родители само за да може да живее со богати странци“, изјавил во минатото Тоти.

„Принцот на Рим“, во кариерата има одиграно 615 натпревари во Серија А, повеќе од него на вечната листа имаат одиграно само Џиџи Буфон (616) и Паоло Малдини (647), додека во дерби мечевите со Лацио само легендата на „небесносините“, Силвио Пиола има постигнато повеќе голови од Тоти (274/250).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП