5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки во финалето на Ф4 турнирот во регионалната лига

Вардарки во финалето на Ф4 турнирот во регионалната лига

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Подравка и со победата 26-19 (14-9), изборија пласман во финалето на завршниот турнир во регионалната ВРХЛ лига, кој во вторникот започна во Скопје.

Дека разликата во квалитетот помеѓу македонскиот и хрватскиот шампион е огромна, ракометарките на Вардар го демонстрираа уште во воведната фаза, кога по неполни четири минути поведоа со 4-0, а на половина од првиот дел водеа со 11-3.

Веќе тука беше јасно дека Подравка нема на што да се надева, иако до крајот на полувремето ја намалија разликата на пет гола.

На стартот од вториот дел Подравка намали на 14-10, а потоа вардарки само малку го кренаа нивото на играта создадоа предност од осум гола, а во 52.минута имаа и 26-14.

Лакрабер го предводеше Вардар со седум гола, еден помалку постигна Радичевиќ, а четири гола постигна Херем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП