3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл ќе паузира еден месец

Бејл ќе паузира еден месец

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, поради повреда на мускулот ќе отсуствува од терените во наредните 30 дена. Велшанецот се повреди во неделата, на дербито со Барселона (2:3).

Герет Бејл, иако недоволно рехабилитиран, со одлука на тренерот го започна „Ел Класико“, но ја обнови повредата на бутниот мускул и натпреварот го заврши во финишот на првото полувреме.

Информациите од Пиринеите говорат дека Бејл ќе отсуствува најмалку еден месец, што практично значи дека сезоната за него е завршена.

Отсуството на Бејл ќе му создаде дополнителни проблеми на тренерот Зидан, пред полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите со Атлетико и финишот на сезоната, во која „Кралскиот клуб“ со Барселона се бори за титулата.

Сезоната во Шпанија завршува на 21 мај, а Велшанецот би можел да биде подготвен за евентуалното финале во Лигата на шампионите, кое се игра на 3 јуни во Кардиф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП