30 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед со понуда од 100 милиони евра за Гризман

Манчестер Јунајтед со понуда од 100 милиони евра за Гризман

Англиските и шпанските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен во летниот период повторно да го сруши трансфер рекордот. Според тие извори, Јунајтед ги започнал преговорите со Атлетико Мадрид околу трансферот на Антоан Гризман и бил подготвен да ја плати клаузулата од 100 милиони евра.

Францускиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид, во изминатиот период е мета на медиумски шпекулации околу следната дестинација во неговата кариера. Иако тој неколку пати повтори дека е среќен во Атлетико и дека нема да го напушти клубот додека тренер е Диего Симеоне, медиумите на Пиринеите и на Островото, повикувајќи се на советникот на Гризман, Ерик Олхатс, пренесоа дека Манчестер Јунајтед веќе ги започнал преговорите со Атлетико.

Олхатс е човекот кој му помогна на Атлетико пред три сезони за сума од 30 милиони евра да го донесе напаѓачот на „Винсенте Калдерон“. Тој наводно открил дека Манчестер Јунајтед е во предност пред останатите клубови и дека интерес за Гризман покажале Челзи и Манчестер Сити.

„Во моментов ги собираме информациите околу заинтересираните клубови, кои покажуваат конкретен интерес. Постои и неизбежната клаузула од 100 милиони евра, која го намалува бројот на кандидати. Ги имате Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи, Реал и Барселона“, рекол Олхатс.

„Јунајтед прв се јави и дојде кај нас, тие се најконкретни“, дополнил советникот на Гризман.

Антоан Гризман оваа сезона за Атлетико настапил на 46 натпревари и забележал 25 голови (17 во првенството) и 11 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП