19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид на суд ќе бара укинување на казната

Атлетико Мадрид на суд ќе бара укинување на казната

Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид во понеделник ги изнесе своите докази пред Спортскиот суд во Лозана, со кои се надева дека ќе ја побие казната на ФИФА заради која на лето не смее да доведува нови фудбалери.

ФИФА му забрани на Атлетико Мадрид доведување на играчи за време на изминатиот зимски преоден рок во јануари, како и претстојниот летен рок заради неправилности околу трансферот на малолетни фудбалери од 2007 до 2014 година.

Сослушувањето во понеделник траеше шест часа, а обете страни ги изнесоа своите верзии на настаните.

Судиите би требало конечната одлука да ја донесат до 1 јуни, кога започнува летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП