3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамон Родригез Мончи е новиот спортски директор на Рома

Рамон Родригез Мончи е новиот спортски директор на Рома

Доскорешниот спортски директор на Севилја Рамон Родригез Мончи, во понеделникот, официјално ја презеде истата функција во Рома, објави римскиот клуб на својата интернет страница.

Мончи, еден од најзаслужните за успесите на Севилја, по 17 години ја напушти Андалузија поради повикот на Рома.

Некогашниот голман на Севилја, по завршувањето на кариерата, стекна име на голем трансфер гуру, бидејќи со одлични трансфер потези на клубот му донесе стотина милиони евра, најмногу од продажбите на Дани Алвеш, Иван Ракитиќ, Кевин Гамеиро…

Во неговата ера Севилја освои пет титули во Лига Европа, два во Купот на Шпанија и по еден трофеј во Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП