10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛина не е повеќе меѓу ТОП 200, Серена Вилијамс на врвот на...

Лина не е повеќе меѓу ТОП 200, Серена Вилијамс на врвот на ВТА листата

Лина Ѓорческа, не е повеќе меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот. На најновата ВТА листа таа назадуваше за две позиции и сега се наоѓа на 202-то место.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која на турнирот во Кјасо, Швјацарија, во сингл испадна во четвртфиналето, назадува на најновата ВТА листа. Од понеделникот таа се наоѓа на позицијата 202.

Во дубл таа го задржа претходниот пласман, односно се наоѓа на 136-то место. Ѓорческа, изминатиот викден заедно со Бугарката Најденова го освои турнирот во Кјасо во конкуренција на двојки.

На најновата ВТА листа на врвтот се врати Серена Вилијамс, која поради бременост нема повеќе да настапува оваа сезона. Меѓу првите пет уште се Германката Анжелик Кербер, Чехињата Каролина Плишкова, Доминика Цибулкова од Словачка и Романката Симона Халеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП