4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар домаќин на завршниот турнир во ВРХЛ лигата

ЖРК Вардар домаќин на завршниот турнир во ВРХЛ лигата

ЖРК Вардар, во вторник и в среда ќе биде домаќин на завршниот турнир во Женската ракометна регионална лига (ВРХЛ). Покрај Вардар, на турнирот ќе учествуваат Будуќност од Подгорица, Подравка и Крим

Најдобрите четири женски ракометни екипи од регионот, во вторник и в среда ќе се борат за титулата во ВРХЛ лигата.

На турнирот во СЦ „Јане Сандански“ учествуваат три поранешни европски шампиони, односно две екипи кои ќе се борат за титулата во Лигата на шампионките во Будимпешта на 6 и 7 мај.

„Ова е добро за сите екипи. За Будуќност и Вардар како подготовка за настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кога станува збор за Подравка, ние не успеавме да ги минеме квалификациите во Лигата на шампионките, паралено сега играме во домашното првенство и оваа регионална лига, така што овој турнир ќе биде добар за нас. Малку распоредот е пренатрупан, но од ова можеме само да добиеме. Сигурно е дека Вардар е фаворит, но ние ќе извлечеме добри работи кои ќе ни користат во домашното првенство и Куп“, рече на прес-конференцијата Горан Мрѓен.

„Ова е добро за нас, ни требаат силни натпревари низ кои можеме само да собираме искуство и да напредуваме. Очекувам добар меч против Вардар, иако на последниот турнир не пруживме достоен отпор“, рече капитенот на Подравка, Ивана Капитановиќ.

Настапот на турнирот ќе биде добра подготовка за македонските шампионки во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Балканската лига поседува квалитет исто како и нашиот противник Подравка. Тоа отсекогаш бил силен тим. Сезонава имаме две победи против нив, но тоа не значи ништо, ќе играме на победа, сакаме да играме во финалето“, вели тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

„Завршниот турнир доаѓа во вистинско време, ќе можеме да се подготвиме за она што нѐ чека во Будимпешта бидејќи во македонското првенство немаме натпревари. Подравка е тим со долга традиција, сега е максимално подмладен. Се надевам дека ќе одиграме добро, не го потценувам противникот, но ние сме поквалитетен тим“, рече ракометарката на Вардар, Андреа Човиќ.

Турнирот во вторник ќе го отворат Вардар и Подравка од 15:30 часот, а од 18 часот ќе играат Крим и Будуќност. В среда во истите термини ќе се одигра најпрвин натпреварот за третото место, а потоа и финалето.

Влезот за натпреварите на завршниот турнир е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП