27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал е вториот финалист во ФА купот (видео)

Арсенал е вториот финалист во ФА купот (видео)

Арсенал е вториот финалист во ФА купот, откако во полуфиналето со пресврт и по продолженијата го победи Манчестер Сити со 2:1. Стрелци за Арсенал беа Начо Монреал и Алесис Санчез, а за Сити погоди Серхио Агуеро.

Првиот дел од полуфиналната пресметка на Вембли му припадна на Манчестер Сити, кои се заканија преку Давид Силва и Серхио Агуеро но резултатот не се менуваше. Во првото полувреме, имаше и една спорна ситуација кога судиите го поништија голот на Стерлинг.

Второто полувреме донесе многу подобра игра на Арсенал, но и гол во нивната мрежа. Јаја Туре со долга топка го спои со голот Агуеро, а Аргентинецот лесно го префрли Чех.

Серхио Агуеро го постигна својот 12-ти гол на последните 12 натпревари за Сити.

Арсенал многу бргу одговори на предизвикот, Окслејд-Чембрлен нафрли од десната страна, на топката налета Монреал и закова во мрежата.

До крајот на регуларниот дел рамката на голот го спаси Арсенал од пораз, најпрвин Јаја Туре го погоди десниот дирек, а потоа ударот на Фернадињо со глава заврши во гредата.

Имаше и Арсенал шанса во финишот но ударот на Велбек заврши крај голот на Клаудио Браво.

Продолженијата од 2×15 минути во целост му припаднаа на Арсенал. Дефанзивецот Роб Холдинг упати удар со глава кој заврши на голот, а веќе во следната акција, во 100-та минута, најдбро се снајде по една мешаница пред голот на Сити и ја смести топката во мрежата.

До крајот на натпреварот од дистанца се обидоа Де Брујне и Делф но Чех остана несовладан.

Арсенал во финалето ќе игра против Челзи, кој во саботата го победи Тотенхем со 4:2. Финалето ќе се одигра на Вембли, на 27.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП