10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРондо паузира поради скршеница на палецот

Рондо паузира поради скршеница на палецот

Плејмејкерот на Чикаго, Режон Рондо, го скршил палецот за време на вториот меч од четвртфиналната серија против Бостон и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.

Чикаго потврди дека Рондо е повреден, но дека нема да биде потребно тој да замине на операција. Клубот соопшти дека не е познато колкава пауза го очекува Рондо.

Рондо има просек од 11,5 поени, 10 асистенции и 8,5 скокови оваа сезона, а во вториот меч од серијата со Бостон, му недостигаше еден скок за да стане првиот играч на Чикаго од 1997 година, кој во плејофот остварил трипл-дабл.

Чикаго води во серијата со Бостон 2:0, откако успеа да ги добие првите два меча на теренот на противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП