Анадолу Ефес го изненади Олимпијакос, во Атина и успеа да го израмни резултатот во четвртфиналната серија на 1:1, со триумфот 73:71 (23:22, 14:22, 14:10, 22:17).
За разлика од првиот меч, одигран во средата, кога Олимпијакос доминираше од почетокот до крајот, во вториот дуел двата тима водеа голема борба, а натпреварот беше решен во последната минута.
Најдобрите играчи на Олимпијакос, Принтезис и Спанулис (двајцата постигнаа по 20 поени) беа трагичари на својот тим.
Спанулис промаши тројка при водство на Олимпијакос 71:69, а потоа Принтезис не реализира две слободни фрлања кога резултатот беше израмнет 71:71.
Последните поени на натпреварот ги постигна центарот на Ефес Кирк на 48 секунди до крајот.
Ефес до победата го предводеа Данстон со 16 и Ханикет со 15 поени.
Третиот и четвртиот меч од серијата ќе се одиграат во Истанбул. Натпреварот број 3 на програмата е во вторник.
Дарушафака го заокружи успешниот ден на турските тимови во Евролигата, откако во вториот меч од четвртфиналната серија со Реал, победи 80:84. Претходно Ефес победи во Атина против Олимпијакос 73:71. Резултатот во серијата е израмнет на 1:1.
Турскиот тим кој во последното коло избори пласман во Топ 8, одигра уште еден одличен натпревар во Мадрид, но за разлика од првиот, во вториот успеа да победи.
Дарушафака имаше шест поени предност по првиот дел, но Реал возврати во третиот период, кога блескаше Серхио Љуљ кој постигна 18 од 30-те поени на Реал во третата четвртина.
Решавачкиот период донесе голема борба и неизвесност, а повеќе нерви имаа играчите на Дарушафака, кои со мирна игра ги казнија сите неуспешни обиди за три поени на играчите на Реал.
Вонамејкер со 21, односно Вилбекин и Жижиќ со по 17 поени ја предводеа Дарушафака, додека кај Љуљ двоцифрен ефект имаа само Љуљ (22 поени) и Ајон (16 поени).