ИНТЕРЕСНО

Мадридска пресметка во полуфиналето, Јуве го доби Монако

УЕФА денеска ги извлече полуфиналните двојки во Лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона.

Ланските финалисти, мадридските ривали, Реал и Атлетико, оваа година ќе играат меѓусебе во полуфиналето.

Втората полуфинална двојка ја формираа Монако и италијанскиот шампион Јувентус.

Полуфиналните среби на програмата се на 2-ри и 3-ти мај, а реваншите се на 9-ти и 10-ти мај. Финалето ќе се одигра во Кардиф.