1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал се откажува од Фалкао, тој бара многу пари

Реал се откажува од Фалкао, тој бара многу пари

Falcao (1)

Најверојатно трансферот Фалако на „Сантијаго Бернабеу“ почнува да изгледа речиси невозможен. Како што пренесуваат некои медиуми во Шпанија, фудбалерот на Атлетико побарал од раководството на Реал огромна плата која изнесува осум милиони евра годишно, што некако ја оладила желбата на првите луѓе на Реал за неговиот ангажман.

Па поради тоа од Реал Мадрид малку ќе го остават на чекање трансферот на Колумбиецот во нивните редови се додека не ги обезбедат потребните ресурси за неговиот ангажман, а тоа би требало да го сторат со продажбата на некој од сегашните напаѓачи, Карим Бензема или Гонзало Игуаин.

Ако тоа не се случи, тоа иднината на Фалкао е поврзана со Англија, каде што локалните гиганти водат лута битка во обид да го имаат во своите редови. Како најсериозен кандидат за ангажманот на „Ел Тигре“ се споменува Челзи, но тука се и Манчестер Сити и новиот шампион Јунајтед.

Од почетокот на сезоната Фалкао одигра 37 натпревари во сите натпреварувања на кои реализираше 31 погодок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП