10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлиминација на Вавринка од Мастерсот во Монте Карло

Елиминација на Вавринка од Мастерсот во Монте Карло

Откако Енди Марej го заврши својот настап на Мастерсот во Монте Карло, по поразот од Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас, нова сензација на терените во „малото кнежевство“ приреди Пабло Куевас, кој од турнирот го елиминира третиот фаворит, Стан Вавринка.

Стан Вавринка, третиот носител на Мастерсот во Монте Карло, својот настап на турнирот го заврши во третото коло, откако загуби во два сета (4.6, 4:6) од Аргентинецот Пабло Куевас. Мечот траеше 78 минути, а интересно двата сета Куевас ги доби за 39 минути.

Елиминацијата на Вавринка е втората сензација која во четвртокот се случи во Монте Карло, откако претходно најдобриот светски рекет Енди Марej загуби во три сета од Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас.

Куевас во четвртфиналето ќе игра против Лука Пуи, кој одигра само три гема во осминафиналето, бидејќи сонародникот Адријан Манарино му го предаде мечот поради повреда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП