
Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, бил исклучително задоволен од она што неговите фудбалери го презентирале во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите.


Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, бил исклучително задоволен од она што неговите фудбалери го презентирале во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите.
Монако со две победи (3:2, 3:1) ја елиминира Борусија Дортмунд и избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, второ во клупската историја.
Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, истакнал дека неговиот тим и во полуфиналето ќе игра напаѓачки и офанзивно, со желба да постигне гол повеќе од противникот.
„Сите играчи одиграа на високо ниво, среќен сум поради тоа. Тие ја преставуваа целата држава, а Франција изминатите години немаше преставник во полуфиналето во ЛШ“, рекол Португалецот.
Покрај Монако, полуфинале во Лигата на шампионите изборија Реал, Атлетико и Јувентус.
„Против кого и да играме во полуфиналето, тоа ќе биде натпревар против искусна екипа. Сигурен сум дека сите не посакуваат нас во полуфиналето. Нашата амбиција е да уживаме во играта, да го покажеме напаѓачкиот капацитет кој го поседуваме. Тое е она што ние го правиме“, дополнил Португалецот.
Полуфиналните двојки во Лигата на шампионите ќе бидат извлечени во петок, во Нион.