5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAнтидопинг правилата не биле прекршени од Фарах

Aнтидопинг правилата не биле прекршени од Фарах

Докторот кој на британскиот атлетичар Мо Фарах му ја дал контроверзната супстанца „1-карнитин“, рекол дека неправилно го документирал медицинскиот третман. Лекарот Робин Чакраверти, рекол дека количината на „1-карнитин“ кој му ја препишал на Фарах била во „границите кои ги дозволува Светската антидопинг агенција“.

Лекарот Робин Чакраверти му ја дал спорната супстанца на Фарах пред маратонот во Лондон во 2014 година, поради што овој случај го истражува Антидопинг агенцијата на САД, која дополнително ќе се изјасни дали биле прекршени правилата. Фарах во 2014 година дебитираше на маратонот во Лондон и го освои осмото место.

Лекарот, рекол дека Фарах го добил дозволениот суплемент, навадувајќи дека на атлетичарот му дал 13,5 милилитри од супстанцата, што е под дозволените 50 милилитри за шест часа. За БиБиСи, лекарот рекол дека Фарах примил инјекција, а не како што се тврдеше дека супстанцата ја примил преку инфузија.

Мо Фарах инјекцијата ја примил по консултациите токму со лекарот Чакраверти.

Чакраверти е поранешен челник на медицинската комисија при Атлетската федерација на Велика Британија, а во моментов работи со сениорската фудбалска репрезентација на Англија.

Британецот Мо Фарах е олимписки шампион од Лондон и Рио, тој во 2012 и 2016 година победи на трките на 5.000 и 10.000 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП