16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов рекорд на Вестбрук, но Оклахома повторно загуби (видео)

Нов рекорд на Вестбрук, но Оклахома повторно загуби (видео)

Хјустон, Голден Стејт и Вашингтон поведоа со 2:0 против опонентите во конференциските четвртфиналиња, во НБА лигата. Дуелите ги обележа Расел Вестбрук, кој забележа трипл-дабл (43-ти во сезоната), но Окалхома не успеа да победи во Хјустон.

Расел Вестбрук, одигра уште еден блескав натпревар, го забележа првиот трипл-дабл во плејофот, оваа сезона, но Оклахома загуби во Хјустон 115:111.

Рас натпреварот го заврши со 51 поен, 10 скокови, 13 асистенции и четири украдени топки. Вестбрук стана првиот играч во плејоф историјата кој забележал трипл-дабл со најмалку 50 постигнати поени.

Хјустон победи благодарение на тимската игра, иако со учинокот се издвои Џејмс Харден (35 поени, 8 асистенции). Разликата ја направија останатите играчи пред сите Ерик Гордон кој постигна 22, односно Лу Вилијамс стрелец на 21 кош.

Голден Стејт, без Кевин Дурент, рутински го совладаа Портланд 110:81. Вориорс победата ја најавија во првата четвртина (33:17). Убедливата предност му овозможи на Стив Кер да ги одмори играчите поради што никој во редовите на Голден Стејт не постигна повеќе од 20 поени, најефикасен беше Стеф Кари со 19 кошеви.

На Истокот, Вашингтон славеше во дуелот со Атланта 109:101, иако во последниот период влезе со негатива од 12 поени. Вашингтон победи благодарение на бековите Џон Вол и Бредли Бил. Вол мечот го заврши со 32 поени, а Бил постигна 31 поен, 16 од нив во последната четвртина.

Кај Атланта се истакнаа Пол Милсап со 27 поени и 11 скокови, одноsно Денис Шредер со 23 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП