8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Реал и Олимпијакос стартуваа со победи во четвртфиналето

Евролига: Реал и Олимпијакос стартуваа со победи во четвртфиналето

Олимпијакос и Реал Мадрид забележаа победи над Анадолу Ефес, односно Дарушафака, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата.

Олимпијакос го победи Анадолу Ефес со 87:72. Грчкиот шампион од резултатот 8:7, започна да ја контролира играта и да ја зголемува предноста, која во последната четвртина изнесуваше и 20 поени.

Петмина играчи на Олимпијакос постигнаа двоцифрен број на поени: Најефикасен со 14 поени беше Манцарис, 13 постигна Грин, а 11 на кои придодаде седум скокови Милутинов.

Ефес го предводеше Ханикат со 17 поени.

Реал се мачеше против Дарушафака, но успеа да ја забележи планираната победа. Во Мадрид, Реал победи 83:75.

Турскиот тим во првите 15 минути создаде позитива од 15 поени, но до полувремето Реал намали на поен негатива, а потоа во третиот период стигна до плус од 14 кошеви.

Љуљ повторно беше клучниот играч на Реал, тој постигна 23 поени, додека два коша помалку кај Дарушафака постигна Вонамејкер.

Натпреварите број 2 повторно ќе се играат во Атина, односно во Мадрид, а на програмата се во петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП