28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈончевски нов тренер на Спартак Суботица

Јончевски нов тренер на Спартак Суботица

Поранешниот тренер на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Јончевски, вчера беше промовиран во нов тренер на Спартак од Суботица.

Александар Јончевски со членот на српската Суперлига договори соработка до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен. Јончевски на клупата на Спартак го наследи Душан Алимпијевиќ кој е нов тренер на ФМП од Железник.

Спартак ќе биде првото интернационално искуство за младиот стратег, кој минатата сезона со МЗТ ја освои двојната круна во македонското првенство.

Јончевски на клупата на Спартак ќе дебитира в петок против актуелниот српски шампион Црвена звезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП