15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧикаго со 2-0 се враќа дома (видео)

Чикаго со 2-0 се враќа дома (видео)

Чикаго направи нов брејк во Бостон и сега води во серијата против Селтикс 2-0, додека Торонто и ЛА Клиперс израмнија на 1-1 во дуелите со Милвоки, односно Јута.

Бостон во првите две средби не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен против Чикаго. Булси во вториот меч забележаа победа 111:97.

Џими Батлер и Двејн Вејд го предводеа Чикаго со по 22 поени, Ајзеа Томас со 20 и Робин Лопез со 18 кошеви беа најефикасни во редовите на Бостон.

Торонто успеа во неизвесна завршница да слави над Милвоки 104:100 и да израмни на 1-1. Бековската двојка Демар Дерозан и Кајл Лаури со 23, односно 22 поени го предводеа Торонто, додека Гркот Јанис Адетокумбо, во редовите на Милвоки, имаше ефект од 24 поени, 15 скокови и седум асистенции.

ЛА Клиперс го искористија отсуството на Руди Гобер и славеа над Јута 99:91. Трите ѕвезди на Клиперси, Блејк Грифин, Крис Пол и Деандре Џордан, комбинирано постигнаа 63 поени. Грифин уфрли 24, Пол 21, а Џордан 18 поени, на кои придодаде и 15 скокови.

Кај Јута се истакнаа Гордон Хејворд со 20 и Дерик Фејворс со 13 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП