19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико преку Лестер избори пласман во полуфиналето во ЛШ

Атлетико преку Лестер избори пласман во полуфиналето во ЛШ

Мадридски Атлетико ја потврди фаворитската улога против Лестер и во четвртфиналниот двомеч избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне трет пат во последните четири сезони, а вкупно шести пат во клупската историја е дел од најдобрата европска четворка.

Атлетико на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер истрча со предност од 1:0 и со мали проблеми успеа да го елиминира англискиот шампион.

Тимот кој го предводи Чоло Симеоне имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме и во овој период постигна гол.

Фелипе Луис, во 26.минута, испрати идеален центаршут, а Саул Нигез биеше со глава и го погоди спротивниот агол.

Лестер, во ситуација кога немаше што да загуби, тргна максимално офабзивно во второто полувреме. Атлетико релативно лесно ги одбиваше тие напади се до 61.минута, кога Џејми Варди успеа да израмни.

Играчите на Лестер потоа не реализираа две добри шанси, најпрвин Ужоа во 65.минута, а потоа и Варди во 70.минута, неговиот удар го изблокира Савиќ.

До крајот на мечот Лестер притискаше кон голот на Облак, но без конкретна шанса за постигнување на гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП