17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПартизан на гости ја совлада Црвена звезда (видео)

Партизан на гости ја совлада Црвена звезда (видео)

Фудбалерите на Партизан, како гости, ја совладаа Црвена звезда 3:1, во 154-то „вечно дерби“ и се израмнија со најголемиот ривал на првото место на табелата. Херојот на Партизан е Бразилецот Леонардо, кој со два гола ја сруши Црвена звезда.

Партизан ја заслужи победата во „вечното дерби“, бидејќи одигра похрабро од противникот, чија определба беше да не загуби и да ја одржи предноста на чело на табелата.

Леонардо првиот гол го постигна во 21.минута, кога од слободен удар го совлада противничкиот голман.

Црвена звезда израмни на стартот од вториот дел, во 48.минута, стрелец беше Боачи. Нова предност на Партизан му донесе Тавамба во 68.минута, а победата на „црно белиот“ тим ја запечати Леонардо со својот гол во 80.минута.

Партизан ја запиша седмата победа во низа, а нема пораз на последните 28 натпревари.

Двата тима, во борбата за титулата сега се израмнети на првото место со 40 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП