4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалверде ќе го наследи Луис Енрике?

Валверде ќе го наследи Луис Енрике?

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесте Валверде, најверојатно ќе биде новиот тренер на Барселона, пишува во вторникот „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот весник, тврди, дека Валверде ги известил челниците на Атлетик дека нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на сезоната, бидејќи ќе го замени Луис Енрике на клупата на Барселона.

Според истиот извор, единствен конкурент на Валверде ќе му биде актуелниот помошник на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе.

Валверде во кариерата бил тренер на Еспањол, Виљареал, Валенсија и Олимпијакос, а на клупата на Атлетик Билбао се наоѓа во последните четири сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП