19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонте Карло: Ѓоковиќ го преживеа Симон, испадна Цонга

Монте Карло: Ѓоковиќ го преживеа Симон, испадна Цонга

Новак Ѓоковиќ успеа да го мине второто коло на Мастерсот во Монте Карло, додека од турнирот испадна Жо-Вилфред Цонга.

Вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, „опасно живееше“ во мечот со Жил Симон, но успеа да се извлече и да слави во три сета 6:3, 3:6, 7:5.

Србинот, кој поради повреда го пропушти Мастерсот во Мајами, откако претходно испадна во осминафиналето на турнирот во Индијан Велс, делуваше сигурно во првиот сет против Симон и го доби без поголеми проблеми.

Во вториот Симон го искористи падот во играта на Ѓоковиќ и возврати со иста мерка. Францускиот тенисер играше подобро и во третиот сет при резултат 4:5 сервираше за победа, но Ѓоковиќ успеа да се врати, ги доби наредните три гема (два на сервис на противникот) и избори пласман во третото коло.

Изненадување во третото коло направи Адријан Манарино, 56-ти на АТП листата, кој го елиминира сонародникот Цонга во три сета 6:7, 6:2, 6:3.

Победата над Цонга беше втора над играчите од Топ 10 во кариерата на Манарино.

Пласман во третата рунда избори и Чехот, Јиржи Весели со победата над талентираниот Миша Зверев. Чехот победи во два сета 7:6, 6:3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП