2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвото засилување за Милан е Мусакио

Првото засилување за Милан е Мусакио

Аргентинскиот дефанзивец Матео Мусакио (26) е првото засилување за Милан, откако клубот доби нови сопственици.

Матео Мусакио по завршувањето на сезоната од Виљареал ќе се пресели во Милан. Италијанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот се договорил со новите газди и за сума од 15 милиони евра, без евентуални бонуси, по завршувањето на сезоната ќе го засили клубот.

Мусакио е првото засилување за Милан во ерата на новите сопственици.

Овој фудбалер е член на Виљареал од 2010 година, а дресот на „жолтата подморница“ го носел на 246 натпревари.

Мусакио е продукт на младинската школа на Ривер Плејт, наводно тој одбил да го продолжил договорот со Виљареал, бидејќи сакал да игра во италијанското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП