17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМенаџерот на „граѓаните“ го посакува Саул Нигез

Менаџерот на „граѓаните“ го посакува Саул Нигез

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, планира целосна реконструкцијата на екипата во летниот преоден рок, а според англиските медиуми на списокот на неговите желби се наоѓа и играчот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.

Членот на младата шпанската репрезентација и повремен член на сениорскиот тим на „црвената фурија“, има значајна улога во тимот на Диего Симеоне, а клубот има намера да му понуди нов договор и да го заштити со откупна клаузула од 100 милиони евра.

Претходно Атлетико ова го направи со Антоан Гризман и Јан Облак.

Гвардиола, во летниот преоден рок, ќе го реконструира тимот, а од играчите кои играат во редот за врска, сигурно ќе заминат Јаја Туре, Фернандо, Делф.

Саул Нигез е продукт на школата на Атлетико, а како член на првиот тим во изминатите три сезони има одиграно 110 натпревари и постигнато 17 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП