14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвертон бара 118 милиони евра за Лукаку

Евертон бара 118 милиони евра за Лукаку

Доколку Ромелу Лукаку (23), во летниот преоден рок, го напушти Евертон, тоа ќе биде за сума која досега не е забележана во фудбалскиот свет.

Раководството на Евертон за репрезентативецот на Белгија ќе бара сума од најмалку 118 милиони евра, пренесе во вторникот „Ливерпул Ехо“.

Најголем интерес за услугите на Лукаку покажува актуелниот лидер во Премиерлигата, Челзи.

Според шпекулициите заинтересирани биле и Манчестер Јунајтед, односно Атлетико Мадрид, но кога слушнале колкава сума бара Евертон веднаш се откажале.

Лукаку има договор со Евертон до 2019 година. Оваа сезона Белгиецот со 24 голови во Премиерлигата кон походот на пласман во Лига Европа, што е основна цел на менаџерот Роналд Куман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП