23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХари Реднап именуван за нов менаџер на Бирмингем

Хари Реднап именуван за нов менаџер на Бирмингем

Раководството на фудбалскиот клуб Бирмингем го именуваше легендарниот Хари Реднап (70) за нов менаџер на тимот. Реднап на менаџерската позиција го наследи Џанфранко Зола.

Џанфранко Зола, во понеделникот, по само четири месеци си поднесе оставка на функцијата, поради поразот од Бартон. Зола Бирмингем го предводеше на 24 натпревари на кои забележа само две победи.

На три кола до крајот на сезоната во Чемпионшип дивизијата, Бирмингем се наоѓа на 20-то место на теблата со 47 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање од лигата.

Раководството на клубот во соопштението во кое објави дека Реднап ќе биде новио менаџер изразува надеж дека тимот ќе бележи добри резултати.

Хари Реднап е поранешен менаџер на Борнмут, Вест Хем, Портсмут, Тотенхем и КПР. Искусниот тренер без работа е од 2015 година кога го напушти КПР.

Минатата година тој на две средби беше селектор на репрезентацијата на Јордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП