18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд и СА поведоа со 2-0 (видео)

Кливленд и СА поведоа со 2-0 (видео)

Кливленд и Сан Антонио ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2:0 во победи, над опонентите Индијана, односно Мемфис, во првиот круг од плејфот во НБА лигата.

Кливленд. кој во првиот натпревар едвај славеше над Индијана, во вториот нешто полесно стигна до победата. Актуелниот шампион славеше со 117:111.

„Големата тројка“ на Кливленд комбинираше 89 поени во победата. Кливленд имаше 19 поени предност, Индијана на 100 секунди до крајот се доближи на негатива од четири коша, но како и во првиот натпревар немаше сили за пресврт.

Ирвинг постигна 37 поени, Лав имаше 27 поени и 11 скокови, а Џејмс заврши со 25 поени, 10 скокови, 7 асистенции и по 4 блокади и украдени топки. Гостите ги предводеа Џорџ со 32 и Тиг со 23 поени.

Сан Антонио забележа уште една рутинска победа над Мемфис. Спарси во вториот меч славеа со 96:82.

Ленард повторно блескаше кај Сан Антонио, тој за 40 минути постигна 37 поени, на кои придодаде 11 скокови и две асистенции. Мемфис го предводеше Конли со 24 поени.

Сериите сега се селат во Индијанаполис, односно Мемфис каде ќе бидат одиграни наредните два натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП