4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп најави дека Ливерпул најверојатно ќе биде последниот клуб во неговата кариера

Клоп најави дека Ливерпул најверојатно ќе биде последниот клуб во неговата кариера

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп најави дека англискиот клуб веројатно ќе биде последен во неговата тренерска кариера.

Јирген Клоп еден од најхаризматичните тренери на денешницата, по седум години минати во Мејнц и Борусија Дортмунд, во 2015 година пристигна „Енфилд“, домот на фудбалерите на Ливерпул.

Клоп со Ливерпул има договор до 2022 година и најави дека работата во овој клуб веројатно ќе биде последна во тренерската кариера.

„На крајот од кариерата, во своето ЦВ нема да имам десетна клубови. Голема е веројатноста во пензија да заминам како тренер на три клуба. Малку е веројатно дека ќе почнам да менувам клубови. Лесно ми е да му се посветам на она што го работам бидејќи најчесто станува збор за долгорочни проекти“, рекол Клоп.
Германецот во својата прва сезона на „Енфилд“ со тимот стигна до две финалиња (Лига куп и Лига Европа), но не успеа да освои трофеј. Се надева дека со Ливерпул ќе освои барем една титула до истекот на договрот.

„Доколку го одработам договорот со Ливерпул имам добри шанси да освојан некој трофеј. Би било непријатно доколку тоа не се случи. Луѓето од Ливерпул очекуваат трофеи“, дополнил Клоп.

Ливерпул, во тековното првенство, се наоѓа на третото место на табелата со Премиерлигата, со десет бодови помалку и натпревар повеќе од лидерот Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП