3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛестер се надева на ново изненадување, Баерн во невозможна мисија

Лестер се надева на ново изненадување, Баерн во невозможна мисија

Првите полуфиналисти во Лигата на шампионите ќе бидат познати денес, по одигрувањето на четвртфиналните реванши помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, односно Лестер и Атлетико Мадрид.

Во пресрет на реваншите во подобра позиција се мадридските тимови, бидејќи победија на првите натпревари, Реал во Минхен, а Атлетико на својот „Винсенте Калдерон“.

Страстите и емоциите, од првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите, се уште се свежи, а веќе денес на програмата се возвратните дуели на „сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и „Кинг Пауер“ во Лестер.

Фудбалска Европа погледот ќе го насочи кон Мадрид на супер дербито помеѓу Реал и Баерн. Актуелниот европски првак е на чекор до пласман во полуфиналето бидејќи во Минхен победи со 2:1.

Баерн е една од најквалитетните европски екипи, но во Мадрид ќе има тешка, речиси невозможна задача. Покрај квалитетниот противник, Баерн против себе ќе ја има и традицијата. Имено, Реал никогаш не испаднал во Лигата на шампионите, откако победил на првиот меч како гостин.

Реал само еднаш во историјата испуштил предност во реваншот кога бил домаќин. Тоа се случило во 1994 година, во 3.коло во Купот на УЕФА. Тогаш, Реал победил во Данска кај Оденсе со 3:2, но во Мадрид загубил 2:0.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, има проблеми со составувањето на тимот, бидејќи на дефанзивците Варан и Пепе им се приклучи и Бејл, кој се повреди на првиот натпревар во Минхен.

Проблеми во дефанзивата има и Карло Анчелоти, Хумелс и Боатенг се повредени, а Хави Мартинез е суспендиран.

Надежите на Баерн се зголемија откако лекарите му дадоа „зелено светло“ за настап на полскиот бомбардер, Роберт Левандовски, кој не играше во првиот натпревар.

Во минатото, Левандовски како играч на Борусија Дортмунд, постигна четири гола токму против Реал.

„Нема да се предадеме без борба. Нема да биде лесно, Реал е фаворит, но и ние имаме свој шанси за пласман во полуфиналето“, рекол капитенот на Баварците, Филип Лам.

Инаку Баерн на последните четири гостувања во Шпанија забележа истот толку порази, без да постигне гол, додека на 12-те гостувања на „Сантијаго Бернабеу“ има само две победи.

Англискиот првак Лестер има активен резултат од првиот натпревар во Мадрид, против Атлетико. Лестер загуби 1:0, на прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на гостите Диего Симеоне, оценил дека шансите за пласман во полуфиналето се подеднакви.

Неговиот колега, кој го прероди Лестер, Крег Шекспир, знае дека на Атлетико ќе мора да му се спротивстави со офанзивна формација, што не беше случај во Мадрид. На првиот меч Лестер за бранеше со сите фудбалери и за 90 минути не упати удар во рамките на голот на Атлетико.

„Ќе мора да играме отворено, а Атлетико е најопасен кога развива контра или полуконтра. Но во овој момент најважно е дека ние се уште сме „живи“. Знаеме што не чека и што мораме да направиме за да се пласираме во полуфиналето“, порачал Шекспир.

Возвратните четвртфинални натпревари во Мадрид и Лестер ќе започнат во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП