2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл нема да игра против Баерн

Бејл нема да игра против Баерн

Герет Бејл, поради повреда, ќе го пропушти четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите, против Баерн, кој ќе се одигра во вторник на „Сантијаго Бернабеу“.

Герет Бејл, оваа сезона, нема среќа со повредите. Велшанецот неодамна се врати во тимот на Реал по подолго отсуство, но го повреди бутниот мускул на првиот натпревар против Баерн во Минхен, одигран минатата среда.

Бејл сигурно нема да игра против Баерн, а шпанските медиуми шпекулираат дека тој нема да биде подготвен ниту за натпреварот против Барселона в недела.

Реал првиот четвртфинален натпревар во Минхен го доби со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП