5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 22 години Џон Тери го напушта Челзи

По 22 години Џон Тери го напушта Челзи

Капитенот на Челзи, Џон Тери, по 22 години минати на „Стенфорд Бриџ“, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Џон Тери во Челзи пристигна во 1995 година, како младинец од редовите на локалниот ривал Вест Хем, а три години подоцна дебитираше за првиот тим. Во меѓувреме за „сините“ одигра 713 натпревари, постигна 66 голови и освои 16 трофеи, меѓу кои најзначајни се четирите титули во Премиерлигата и титулата во Лигата на шампионите.

„Можам уште многу да понудам на теренот, но разбирам дека просторот во Челзи сега е ограничен. Секогаш ќе ја носам сината боја во срцето, поради тоа сакам својата последна сезона во клубот да ја завршам со шампионска титула. Секогаш сакав да заминам во вистинско време, на вистински начин, чувствувам дека тоа е сега и за мене и за клубот“, рекол Тери.

Тери е дел од тимот кој во две последовни сезона ја освои Лигата на шампионите и Лига Европа.

Сепак, легендарниот капитен, оваа сезона со доаѓањето на Антонио Конте, одигра само десет натпревари, од кои само пет во Премиерлигата. Сезонава нема постигнато ниту еден гол, а тоа му се има случено само во дебитансктата сезона, кога настапи на само седум натпревари.

Во капитен на Челзи беше промовиран во 2004 година, кога Марсел Десаи замина в пензија, а менаџер на тимот стана Жозе Мурињо. Како какпитен го предводеше тимот на 578 натпревари.

Аналитичарите го сметаат за еден од најдобрите централни дефанзивци на својата генерација. Во 2005 година, во изборот на професионалните фудбалери беше прогласен за играч на годината.

Пет сезони е избиран во идеалниот тим според Унијата на професионални фудбалери (ФИФПро), а во 2006 година беше единствениот Англичанец во идеалниот тим на Светското првенство.

Тери е најуспешниот капитен во историјата на Челзи и е еден од петмината фудбалери кој синиот дрес го носеле на најмалку 500 натпревари. Исто така тој е најефикасниот дефанзивец во историјата на Челзи.

Тери е првиот капитен во историјата на англискиот фудбал кој го крена пехарот наменет за победникот во ФА купот на новиот Вембли (2007), а исто така е првиот фудбалер кој постигнал гол на меѓународен натпревар на новиот Вембли.

Џон Тери за репрезентацијата на Англија има одиграно 78 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП