5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ наредната сезона Зидан ќе го предводи Реал

И наредната сезона Зидан ќе го предводи Реал

Зинедин Зидан ќе седи на клупата на мадридски Реал и наредната сезона, објави весникот „Марка“. Договорот на францускиот стратег истекува на крајот на оваа сезона, а според истиот извор, претседателот Флорентино Перз ќе му понуди нов едногодишен договор.

Зидан, на клупата на Реал го замени Рафа Бенитез, во јануари минатата година и успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Во тековната сезона Реал е во најдобра позиција во борбата за шампионската титула, која Реал последен пат ја освои пред пет години.

Зидан со Реал е на добар пат да се пласира и во полуфиналето во Лигата на шампионите. Доколку оваа сезона ја освои домашната титула и Лигата на шампионите, ќе биде првиот тренер по 1958 година кој во една сезона ја освоил Примера и Лигата на шампионите.

Реал, оваа недела го очекуваат две значајни средби, на двата фронта, во вторник ќе го игра четвртфиналниот реванш против Баерн, а во недела ќе ја пречека Барселона во домашното првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП