28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеконструкцијата на Маракана ги надмина предвидените трошоци

Реконструкцијата на Маракана ги надмина предвидените трошоци

Aerial-view-of-the-Maracana-stadium-_20130426152105978_660_320

Трошоците за реконструкција на храмот на фудбалот „Маракана“, на кој ќе се играат средби од Светското фудбалско првенство во Бразил следната година, експлодира и стекнуваат монструозни големини.

Владата на државата Рио де Жанеиро официјално објави дека за обновувањето на објектот се потребни уште околу 75.8 милиони евра. Така вкупните трошоци за веќе реконструирани стадион ќе достигнат 425 милиони евра. На почетокот на градежните работи во 2010-та година беа предвидени само 228 милиони евра за реновирање.

Интересно „Маракана“ со реновирањето загуби две петтини од својата големина, па сега капацитетот изнесува 79.000 места.

Првиот официјален натпревар на овој стадион ќе биде одигран на 2-ри јуни кога Бразил ќе ја пречека Англија.

„Маракана“ е изградена за потребите на Мундијалот во 1950-та година, а на неа за време на Светското првенство во 2014-та година, покрај свеченото отворање ќе бидат одиграни седум натпревари, вклучувајќи го и финалниот меч.

Исто така „Маракана“ ќе биде еден од шестте стадиони на кои оваа година ќе се играат натпревари на Купот на Конфедерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП