ИНТЕРЕСНО

Стартува битката за титулата во НБА

Ноќта сабота спори недела, по македонско време, започнува плејофот во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА лигата. Титулата ја брани Кливленд, а според прогнозите најголеми шанси за освојување на прстенот оваа сеозна има Голден Стејт.

Голден Стејт, екипа која во своите редови ги има Кари, Дурент, Томпсон и Грин, според американските обложувалнци е фаворитот број 1 за титулата (коефициент 1,63)

Зад екипата која од клупата ја предводи Стив Кер, според шансите за освојување на прстенот, се бранителите на трофејот Кливленд Кавалирс (4,33), а трети се Сан Антонио Спарс (7).

Обложувалниците подеднакви шанси им даваат на Хјустон и Бостон, а потоа следуваат Торонто, Вашингтон, ЛА Клиперс, Јута и Оклахома.

Најмалку шанси да стигнат до титулата имаат Портланд Блејзерс (300).

Плејоф, прва рунда сабота:
21:00 – Кливленд-Индијана
23:30 – Торонто-Милвоки
02:00 – Сан Антонио-Мемфис
04:30 – ЛА Клиперс-Јута

Плејоф, прва рунда, недела:
19:00 – Вашингтон-Атланта
21:30 – Голден Стејт-Портланд
00:30 – Бостон-Чикаго
03:00 – Хјустон-Оклахома.