13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКармело Ентони заминува од Њујорк

Кармело Ентони заминува од Њујорк

Кошаркарите не Њујорк имаа уште една разочарувачка сезона, повоторно се не пласираа во разигрувањето за титулата, а лошите односи ги зачини и претседателот Фол Џексон, која сака првата клупска ѕвезда Кармело Ентони да го напушти клубот.

Фил Џексон, трофејниот тренер на Чикаго и ЛА Лејкерс, кој сега е претседател на Њујорк Никс, индиректно му порачал на Кармело Ентони дека треба да го напушти клубот.

„Во овој момент, кога тој е во тимот, ние не сме подготвени да победуваме. Мислам дека се се движи во насока, дека тој како играч треба да одбере клуб каде би продолжил. Клуб каде ќе го искористи својот тален да побдува и да стигне до титулата“, рекол Џексон.

Фил Џексон три години е претседател на Њујорк, а во неговата ера тимот само еднаш се пласира во плејофот.

Кармело Ентони, трет пик од драфтот во 2003 година, во договорот има клаузула, според која само тој може да одлучи дали ќе биде разменет во друг тим или не. Ентони во Њујорк пристигна во 2011 година, а оваа сезона во просек по натпревар имаше 22,4 поени, 5,9 скокови и 2,9 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП