6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВајденфелер останува во Борусија до 2016-та

Вајденфелер останува во Борусија до 2016-та

Roman-Weidenfeller-Borussia-Dortmund_2940293

Навивачите на Борусија Дортмунд беа воодушевени со убавaта вест, откако стана јасно дека голманот на тимот Роман Вајденфелер ќе го продолжи договорот со клубот до летото 2016-та година. Досегашниот договор на чуварот на мрежата истекуваше на крајот на следната сезона.

Голманот, кој во август ќе наполни 33 години, игра во фантастична форма во последните три години, без притоа да паѓа под центарот на вниманието на Марио Гетце или Роберт Левандовски.

Вајденфелер дојде во Дортмунд пред 11 години како слободен играч од Кајзерслаутерн и со текот на времето успеа да се наметне како прв чувар на мрежата во тимот. До моментов тој има одиграно 282 натпревари во Бундеслигата во дресот на „жолто-црните”. Тој беше дел и од шампионскиот тим во Германија во претходните две сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП