11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки посакуваат нова победа над Митјиланд

Вардарки посакуваат нова победа над Митјиланд

Ракометарките на Вардар 60 минути ги делат од уште еден пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Вардар, во сабота (17:30 часот), ќе го пречека Митјиланд во возвратниот натпревар во шампионската Лига.

Ракометарките на Вардар со предност од два гола влегуваат во четвртфиналниот реванш против Митјиланд. Во неделата македонските шампионки славеа во Данска 28:26.

„Оекуваме тежок натпревар. Митјиланд е силен тим, но ние сакаме да победиме и во реваншот и со победа да се пласираме на завршниот турнир“, рече тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова.

„Знаеме дека влогот e голем. Треба само да го отвориме натпреварот, како што тоа го направивме во Данска. Целта се знае, пласман на завршниот турнир“, рече Андреа Пенезиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП