18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинимален триумф на Атлетико, Реал со пресврт победи во Минхен, (видео)

Минимален триумф на Атлетико, Реал со пресврт победи во Минхен, (видео)

Мадридските тимови Реал и Атлетико стекнаа предност по првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Реал победи на тешкото гостување во Минхен 2:1, а Атлетико минимално 1:0 го порази Лестер.

Реал Мадрид со головите на Кристијано Роналдо, во второто полувреме направи пресврти и обезбеди предност од 2:1, во пресрет на реваншот во Мадрид.

Кристијано Роналдо на натпреварот во Минхен стигна до својот 100-ти гол во европските натпреварувања.

Баерн без повредениот Роберт Левандовски, не успеа да создаде доволен број шанси пред голот на Кејлор Навас, но и во таквиот развој на настаните, во првиот дел беше во подобра положба од противникот.

Откако Карим Бензема по 18 минути игра ја погоди гредата, Баерн стигна до предност со голот на Артуро Видал. Чилеанецот беше највисок во скокот по корнерот на Алкантара и ја закова топката во голот.

Клучниот момент на мечот се случи во 45.минута кога Видал не успа да реалзиира пенал, неговиот удар заврши над голот на Навас.

Вториот дел го отвори Роналдо со гол во 47.минута. Португалецот со волеј ја затресе мрежата на Нојер.

Баерн потоа во 61.минута остана со играч помалку. Хави Мартинез поради два страта над Роналдо, во интервал од само четири минути доби два жолти картони.

Со играч повеќе на терено Реал силно притисна кон голот на противникот, но Нојер го спасуваше својот тим се до 77.минута кога втор пат го совлада Роналдо. Португалецот стигна до својот 100-ти гол во европските купови.

До крајот на мечот Серхио Рамос постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Атлетико, во Мадрид, го пречека англискиот шампион Лестер и победи со голот на Гризман од сомнителен пенал.

Инаку, Атлетико доминираше во текот на целиот натпревар. Лестер се определи да го брани својот гол со сите играчи и поради тоа играчите Крег Шекспир немаа ниту еден удар во рамките на голот кој го бранеше Јан Облак.

Атлетико одигра еден од ретките натпревари во кои беше надмоќен во поседот на топката (65 отсто).

Решавачкиот момент се случи во 28.минута, кога Олбрајтон го фаулираше Гризман судијата покажа пенал, прекршокот постоеше, но беше направен надвор од шеснаесетникот.

Гризман најстрогата казна ја претвори во гол и го постави конечниот резултат на овој натпревар.

Реванш натпреварите во Мадрид, односно Лестер, ќе се одиграат за шест дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП