ИНТЕРЕСНО

Монако го сруши Дортмунд на Вестфален

Фудбалерите на Монако стекнаа предност по првиот четвртфинален натпревар, во Лигата на шампионите, откако на „Вестфален“ во Дортмунд, ја победија Борусија со 3:2.

Монако максимално го искористи шокот во кој се најдоа играчите на Борусија, по терористичкиот напад врз нивниот автобус и стекнаа голема предност пред реваншот на кој ќе бидат домаќини.

Борусија лошо го одигра првиот дел и му дозволи на Монако да стекне предност од два гола.

На головите на Монако, му претходеше пеналот кој го промаши Фабињо, потоа најпрвин Мбапе во 19-та, а потоа и Бендер (авто гол) во 34-та минута постигнаа голови.

Борусија во вториот дел намали преку Дембеле во 57-та минута, но Мбапе со својот втор гол 20 минути подцна ја врати предноста на Монако од два гола. Конечниот резултат го постави Кагава во 84-та минута.

Реванш натпреварот на „Луј Втори“ ќе се одигра наредната среда.