4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо нема да вози во Монако, ќе учествува на Индијанаполис 500

Алонсо нема да вози во Монако, ќе учествува на Индијанаполис 500

Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо нема да учествува на трката за Големата награда на Монако, во Монте Карло, бидејќи на 28.мај ќе се натпреварува на трката Индијанаполис 500.

Двократниот светски првак во Формула 1, Фернандо Алонсо, прв пат во кариерата ќе вози на најголемата автомобиласка трка во САД и ќе се обиде да ја освои тројната круна, односно да има победи во Монако, Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман.

„Ова е тежок предизвик, но јас сум подготвен“, кој во текот на кариерата два пати победил на ГН на Монако.

Мекларен ја потврди информацијата дека Алонсо нема да вози во Монте Карло, но не соопшти кој ќе го замени Шпанецот.

Мекларен прв пат ќе учествува на трката Индијанаполис 500.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП